Италијанските медиуми пренесуваат дека Наполи е сериозно заинтересиран за десниот бек на Милан, Давиде Калабрија.
Гатузо одлично го познава Калабрија и инсистира да го донесе во Наполи ова лето.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
22-годишниот десен бек се етаблираше во првиот тим на Милан токму под водство на Гатузо и е спремен да ја прифати понудата на Наполи.
Од друга страна пак Милан е спремен да се откаже од Калабрија бидејќи сака да донесе нов десен бек, а прва цел е играчот на ПСВ, Дензел Думфрис.
„Росонерите“ за слободата на својот играч бара 20 милиони евра, додека Наполи е спремен да понуди 15 милиони евра плус бонуси.