Дома Останати Кошарка НБА Галинари одличен за победа на Атланта против Бостон, Јута ги разби Лејкерси 🎥

Галинари одличен за победа на Атланта против Бостон, Јута ги разби Лејкерси 🎥

Изминатата ноќ во НБА лигата беа одиграни девет натпревари.

Кризата на Бостон продолжува, тие го претрпеа седмиот пораз во полседните 10 натпревари. Овој пат ги победи Атланта со 127:112.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Еден од најдобрите натпревари во кариерата го одигра Данило Галинари кој постигна 38 поени, погоди дури 10 тројки. Кога на тоа ќе се додадат 33 поени на Трае Јанг јасно е зошто Бостон немаше шанси. Џејлен Браун постигна 17 за Селтикси.

На победничките патеки се врати Јута откако во изминатата вечер славеа против Лејкерси со 114:89. Лејкерси без Ентони Дејвис се како друга екипа. Дури шест кошаркари Јута постигнаа повеќе од 10 поени и така ги оставија актуелните шампиони без шанси. Се истакнаа Кларксон и Гоберт со по 18, додека Џејмс постигна 19 за непрепознатливите Лејкерси кои се поразени на четврти натпревар во низа.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Атланата – Бостон 127:112, Кливленд – Хјустон 112:96, Индијана – Голден Стејт 107:111, Чикаго – Минесота 133:126, Мајами – Торонто 116:108, Њу Орлеанс – Детроит 128:118, Оклахома – Сан Антонио Спарс 102:99, Феникс – Шарлот 121:124, Јута – Лејкерси 114:89.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…