Поранешниот трансфер гуру на Милан, Адриано Галиани тврди дека европските клубови можат да банкротираат поради пандемијата со коронавирус.
Поранешниот втор човек на Милан е загрижен за финансиската состојба во европскиот фудбал и вели дека фудбалот се соочува со „проблем што не е целосно разбран“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Само вирусот е тој кој може да го одреди датумот на почетокот за продолжување на сезоната. Навистина е тешко. Еден ден морате да се вратите на тренинзите, а потоа ви требаат четири недели да бидете подготвени за да играте. Навистина не знам кога првенствата би продолжиле“, истакна Галиани.
„Сметките на клубовите експлодираат поради нивните долгови и загубата на ТВ Правата. Ситуацијата станува драматична. Не само што недостасува некоја рата од ТВ правата, тука се и заработките од стадионите. И УЕФА се уште не ги дистрибуирала тие 400 милиони евра од европските купови. Големите клубови во Европа ризикуваат банкрот, намалувањето на платите нема да биде доволно“, тврди Галиани.