Дома Фудбал Англија Галас: Не можам да разберам зошто Арсенал плати 58 милиони евра за Вајт, а Јунајтед 47 за Варан

Галас: Не можам да разберам зошто Арсенал плати 58 милиони евра за Вајт, а Јунајтед 47 за Варан

Легендата на Арсенал, Вилијам Галас изјави дека не разбира зошто клубот во летниот преоден рок плати 58.5 милиони евра за доведување на Бен Вајт.

Вајт во Арсенал пристигна на инсистирање на Микел Артета кој бил импресиониран од неговите настапи за Лидс и Брајтон. Со клубот потпиша договор на пет години.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Тешко ми е да разберам зошто доведе играч кој треба да се докажува на највисоко ниво, па уште и го платија 58.5 милиони евра. Додека истовремено Манчестер Јунајтед за 47 милиони евра го купи Варан. Морате да ми објасните како е тоа можно. Можеби затоа што е Англичанец. Варан е на повисоко ниво од Вајт кој се уште не се докажал. Како е оправдана неговата цена?“.

„Го почитувам, не го познавам, но го почитувам и се надевам дека ќе биде одличен играч, но тоа треба да се потврди. Тие двајца не може да се споредуваат (Варан и Вајт). Не го зборувам тоа затоа што Варан ми е сонародник. Тој дојде од Реал Мадрид, а не со сета почит кон тој клуб од Брајтон“, изјави Галас кој во кариерата за Арсенал одигра повеќе од 140 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Со денови се зборува за поништениот гол на Ливерпул – се огласи и шефот на англиските судии

ЛИВЕРПУЛ формално вложи жалба до судиската организација (PGMOL) поради поништениот погодок…