Дома Фудбал Останато „Газета“ го избра најлошиот тим во Серија А за оваа сезона

„Газета“ го избра најлошиот тим во Серија А за оваа сезона

„Газета дело Спорт“ ги избра најлошите 11 фудбалери во досегашниот дел од Серија А.

Многу скапо платени фудбалери оваа сезона потфрлија во италијанското првенство, па „Газета“ имаше простор за избор.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На голот на овој непопуларен тим се најде скапо платениот голман на Наполи, Алекс Мерет. 23 годишниот голман на „Сан Паоло“ стигна минатото лето од Удинезе и беше платен повеќе од 20 милиони евра, но со оглед на лошата форма впред прекинот на првенството скоро и да не бранеше, местото на голот беше резервирано за Давид Оспина.

Последната линија ја сочинуваат: Антонио Барека (Џенова), Спинацола (Рома), Денис Вавро (Лацио) и Диего Годин (Интер). Сите четворица играчи во клубот пристигнаа минатото лето.

Средниот ред е составен од: Адриен Рабио (Јувентус), Хавиер Пасторе (Рома) и Лукас Пакета (Милан).

Трите места во нападот припаднаа на: Ирвинг Лозано (Наполи), Алексис Санчез (Интер) и Симоне Верди (Торино).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…