Газдата на Фиорентина, Роко Комисо изјави дека Федерико Киеза и Душан Влаховиќ потпишале за Јувентус „само поради парите“.
Комисо зборуваше за финансиската ситуација во неговиот клуб, па ги „пецна“ поранешните фудбалери на Фиорентина кои се преселија во Јувентус.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Инвестирав многу пари во клубот и никогаш нема да имеме долг, но не можам да ви кажам кога ќе купиме нов фудбалер, затоа што фудбалерите се скапи.Не можеме да се натпреваруваме со англиските клубови, бидејќи тие имаат поголеми приходи. Зошто Влаховиќ, Киеза и Бернардески заминаа во Јувентус? Поради пари, а не поради љубовта кон дресот. Сите тројца добија многу пари од Јувентус“, изјави Комисо.