Дома Фудбал Газдата на Атлетико: Би било чудно да сакам сега да го сменам Симеоне

Газдата на Атлетико: Би било чудно да сакам сега да го сменам Симеоне

Во изминатиот период се појавија гласини дека Атлетико Мадрид е во потрага по нов тренер, некој кој ќе го замени Диего Симеоне.

Ваквите најави се појавија после серијата лоши резултати кои ги имаше клубот во изминатата сезона, меѓутоа во медиумите се огласи првиот човек на Атлетико, Енрике Сересо и ги демантираше таквите гласини.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Симеоне е важен дел од нашиот клуб. Во ниту еден момент не помисливме да се разделиме со него. Би било чудно да почнам да барам замена за него во овој момент“, изјави Сересо.

Атлетико во овој момент е петти на табелата во Ла Лига, а испадна од шпанскиот куп, додека во Лигата на шампионите во 1/8 финалето ќе игра против Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mислев дека ќе ме избркаат од Реал кога го повредив Зидан

Федерико Валверде зборуваше за неговиот фудбалски пат, доаѓањето во Реал Мадрид, прекарот …