Реперезенацијата на Македонија вчера го претрпе својот прв пораз на Светското првенство во Данска и Германија, загубивме од Хрватска.
На реномираниот портал специјализиран за ракомет, „Балкан Хендбол“ свои колумни во текот на Светското првенство има и Веселин Вујовиќ, во последната негова тој освен за останатите посвети дел и за македонскиот селектор Раул Гонзалез.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„На Македонците им фалеше се, се изгубија. Раул како да не е повеќе тука. Иако секогаш изгледа опуштено на клупата на репрезентацијата и ПСЖ, мене таквиот однос не ми одговара, без оглед на тоа каков стратег е. Мене ми изгледа како едвај да чека да сето ова да се заврши и да се посвети на својата работа во Париз, како Македонија да му е онака попатно“…стои во текстот на „Балкан-Хендбол“.
Целата колумна можете да ја погледнете ТУКА.