Дома Македонски спорт Мак ракомет Вујин и Чупиќ оптимисти пред дуелот со ПСЖ

Вујин и Чупиќ оптимисти пред дуелот со ПСЖ

Искусниот ракометар на Вардар, Марко Вујин е оптимист дека Вардар може до победа на претстојниот меч во Париз против ПСЖ во рамки на  ракометната Лига на шампионите.

Францускиот гигант е во криза и имаат само една победа во четири меча во ЛШ, па „црвено-црните“ не патуваат со кренато бело знаме.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Очекувам да продолжиме во истиот ритам како на последните два натпревари. Мислам дека тоа што го прикажавме на последните два меча изгледа многу подбро и сметам дека играме вистински ракомет, против тешки противници. Имаме свои шанси на секој меч се надевам дека ќе се вратиме со позитивен исход. Тие сигурно се под притисок, загубија три од четирите средби од почетокот на сезоната и тоа сигурно не го планирале“, изјави Вујин.

„Никој од нас не бара сензација во Париз, но го анализиравме тимот и се подготвувавме на тренинг. Сигурно нема да одиме со бело знаменце на гостување, знаеме дека квалитетот е на нивна страна, но како и секогаш, со добра одбрана на нивна транзиција би можеле да создадеме притисок“, изјави Чупиќ.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…