Тотенхем ќе се обиде да се врати од двата последователни порази во Премиерлигата на гостувањето кај Вулверхемптон во недела навечер. Ова е и најинтересниот меч од неделната програма на Боксинг деј.
Вулвс игра под сите очекувања сезонава
Конзистентноста беше вистински проблем за „Волците“ оваа сезона, тимот победи на шест, но исто така и загуби на шест од своите 14 натпревари, а со вкупно 20 бода од 14 натпревари се на разочарувачкото за нив 11-то место на табелата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Избраниците на Нуно Еспирито Санто загубија три од последните четири меча во Премиер лигата, вклучувајќи го и разочарувачкиот пораз минатото коло со 2:1 на гостувањето кај Барнли во понеделникот вечерта.
Волците сепак го совладаа Челзи со 2:1 на нивниот последен натпревар на домашен терен и секако се способни да ги надминат најдобрите дел од екипите кои се пред нив на табелата.
Минатата сезона завршија седми, играат во Европа и повторно имаат амбиции за пласман во Лигата на Европа, но останува да видиме дали се способни за тоа. Многу нешта ќе бидат појанси околу нивните можности, по оваа Божиќна програма во Англија.
Тотенхем со пад на табелата
Спарс ги загубија своите последни два меча во лигата од Ливерпул и Лестер Сити, со што забележаа пад од врвот на табелата дури до шестата позиција.
Во меѓувреме, Тотенхем успеа да го резервира своето место во полуфиналето од Купот на ЕФЛ, откако во средата вечерта славеа победа од 1:3 на гостувањето кај членот на Чемпионшип, Стоук Сити.
Спарс се споменуваа како можни претенденти за титулата оваа сезона, но тие по оваа лоша серија во која се најдоа значително си ги намалија своите шанси
Избраниците на Жозе Мурињо сега имаат шест бода помалку од лидерот Ливерпул, иако победата против Волците би ги ставила во одлична ситуација пред домашните натпревари со Фулам и Лидс Јунајтед на 30-ти Декември и 2-ри Јануари.
Волците всушност победија на две од последните три средби во Премиерлигата меѓу двете екипи, но Спарс беа победници на секое последно три гостувања кај Молинекс. Интересно, на последните шест средби помеѓу овие две екипи, на пет славеле гостите, а еден меч завршил нерешено, што на некаков чуден начин му дава одредена предност на Тортехем пред овој меч.
Можна почетна постава на Вулверхемптон:
3-4-1-2 Патрисио; Боли, Коди, Саис; Семедо, Мутињо, Невес, Аит-Нури; Поденсе; Силва, Нето
Можна почетна постава на Тотенхем:
4-2-3-1 Лорис; Ауриер, Алдерваирелд, Дир, Регулион; Сисоко, Хојбјерг; Бергвиј, Ндомбеле, Сон; Кејн