Босанскиот фудбалер, Огњен Врањеш во изминтиот период беше во центарот на вниманието на балканските медиуми поради скандалот со фотографиите на Јелена Карлеуша.
Врањеш предизвика голем скандал кој му наштети на неговата кариера бидејќи беше префрлен во вториот тим на Андерлехт, а подоцна Роберт Просинечки го исфрли и од репрезнтацијата на Босна и Херцеговина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега за прв пат Врањеш јавно зборуваше за овој скандал.
„Знам дека грешките кои ги направив скапо ќе ги платам. Меѓутоа не е праведно тоа што јас сум жртвата“, започна Врањеш, а потоа зборуваше за неговото исфрлување во вториот тим.
„Приватните работи не треба да се мешаат во кариерата на било кој спортист. За тоа пример е Бензема кој беше во скандал со тинејџерка, меѓутоа и покрај тоа и понатаму член на Реал Мадрид. Ова што ми се случува е неправедно, грешките се преувеличуваат. Сепак, знам дека и јас не се однесував како што треба“, изјави босанскиот фудбалер.