Дома Фудбал Останато Огнен Врањеш уапсен на аеродром во Белгија

Огнен Врањеш уапсен на аеродром во Белгија

Нема крај на проблемите за босанскиот фудбалер Огнен Врањеш, кој имаше нова лоша епизода, овојпат на аеродром во белгискиот град Шарлерој.

По враќањето од Бања Лука тамошната полиција го привела Врањеш откако при пасошката контрола е констатирано дека му е истечена дозволата за престој. Со оглед на тоа дека е странски државјанин, бил принуден да преноќи во центарот за илегални мигранти во Стенокерзел.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Клубот имал обврска да ја среди документацијата за неговиот престој, но тоа не го направиле. Врањеш не знаел дека визата не му регулирана, па доживеал голема непријатност.

Така фубалерот од БиХ ноќта морал да ја помине во затворен центар и е пуштен следниот ден откако било се средено со документацијата.

Во изминатиов период Врањеш го загуби своето место во Андерлехт, односно преместен е во Б тимот, а беше исфрлен и од репрезентацијата поради скандалот со Карлеуша.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Карагер „удри“ по ѕвездата на Ливерпул: Треба да биде продаден, тој не е играч за ова ниво!

Фудбалерите на Евертон остварија голема победа во 29. коло од англиската Премиер лига, тие…