Претседателот Стево Пендаровски објави дека се сретнал со сопственикот на Манчестер Јунајтед, Аврам Глејзер во Давос на Светскиот економски форум.




Пендаровски откри дека со Глејзер зборувале за Кристиано Роналдо, но и за новите засилувања на Манчестер Јунајтед.




Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Со сопственикот на Манчестер Јунајтед разговаравме за подемот на македонскиот репрезентативен фудбал и квалитетот на нашите фудбалери. Зборувавме и за Роналдо, несомнено еден од најдобрите во светот. Ја имав честа од прва рака да чујам за неговиот иден статус и за најновите засилувања во клубот“, напиша Пендаровски.