Дома Топ вести Во Јувентус се „доктори“ за бесплатни засилувања – сега тргнуваат по Озил

Во Јувентус се „доктори“ за бесплатни засилувања – сега тргнуваат по Озил

Откако се договорија со еден германски репрезентативец за наредната сезона, раководството на Јувентус тргнува по уште еден Германец. Повторно бесплатно!

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Јувентус сериозно размислува за доведување на Месут Озил на крајот на сезоната, со оглед на фактот дека Германецот ги игра последните шест месеци во Арсенал и не сака да ја продолжи соработката со „топџиите“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Јувентус веќе го договори сонародникот на Озил, Емре Чан кој на крајот на сезоната ќе пристигне од Ливерпул без обештетување. Тој е само уште еден во низата на бесплатни засилувања кои „старата дама“ го донесе изминатите години.

Сериозен интерес за Озил покажува и Жозе Мурињо кој сака да го донесе Германецот во Манчестер Јунајтед на местото на Михтарјан кој е на излезна врата.

Јувентус ќе се обиде да го убеди Германецот да се пресели во Серија А, па останува да видиме дали ќе успее.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…