Дома Македонски спорт Мак фудбал Во Шкупи бесни прашуваат: Зошто Игор Стојчевски ни суди против Вардар?

Во Шкупи бесни прашуваат: Зошто Игор Стојчевски ни суди против Вардар?

Во викендот кој следи фудбалерите на Шкупи ги чека натпревар против Вардар, а пред овој натпревар од тимот од Чаир изразија незадоволство за изборот на судиите.

На чаирчани не им се допадна тоа што Игор Стојчевски е назначен за главен судија, додека него ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески.


„Како клуб сме многу загрижени за ваквата одлука бидејќи Игор Стојчевски е не списокот на непосакувани судии за нашиот тим и за тоа од поодамна е известена Судиската комисија. Затоа јавно прашуваме зошто рпотив Вардар во еден важен натпревар повторно се појавува името на Игор Стојчевски“, стои помеѓу другото во соопштението.

Натпреварот помеѓу Вардар и Шкупи како и останатите средби од 14. коло во ПМФЛ се игра в сабота од 14:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…