Италија и Англија вечерва ќе играат во Неапол во дербито на првото коло во квалификациите за Европското првенство, овој дуел е и реприза на минатогодишното финале на Европското првенство.
Натпреварот ќе се памети и како прв за актуелниот шампион на Европа по смртта на поранешниот напаѓач Џанлука Вијали.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вијали беше дел и од националниот тим во стручниот штаб на Роберто Манчини, а почина во јануари на 58 години после тешка болест.
Италијанските репрезентативци против Англија ќе носат специјални дресови со посвета за Вијали. На дресовите ќе стои „Лука, „аѕуро“, засегоаш“.
Инаку, вечерва Италија за првпат по подолго време ќе игра во дресови на „Адидас“ откако имаше долга соработка со „Пума“ која траеше повеќе од деценија ипол.
Italy will honour Gianluca Vialli against England 🇮🇹👏
— SPORF (@Sporf) March 23, 2023
Italy will wear one-off shirts in honour of 'immortal' Gianluca Vialli as they face England in first game since Azzurri legend's death.
Class touch from Italy.#ItalyEngland pic.twitter.com/Vg9gPc0OeS