Дома Фудбал Англија Во Челзи свикан итен состанок поради понудата од Каталонија

Во Челзи свикан итен состанок поради понудата од Каталонија

Рускиот тајкун, Роман Абрамовиќ, сопственикот на Челзи, закажал итен состанок поради Вилијан.

Бразилецот е цел на Барселона, која е многу упорна и веќе испрати трета понуда до „Сините“, а последната е „тешка“ 72 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Челзи се спротистави, но очигледно ситуацијата се промени, па Абрамовиќ закажа итен состанок, а причината наводно е токму Вилијан. И Манчестер Јунајтед е заинтересиран за Вилијан, но Роман повеќе би сакал да го продаде на Барса отколку на својот конкурент во Премиер лигата. Сопственикот на Челзи е подготвен да преговара со Каталонците околу трансферот на 29-годишниот кој играше одлично минатата сезона.

Доколку заработат пари од продажбата на Влијан, Сините ќе сакаат да ги доведат Ругани, Игуаин и играчот на ЦСКА, Головин, додека покрај Вилијан би требало да си оди и голманот Курота, а неизвесна е судбината и на Еден Азар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…