Дома Фудбал Англија Во Челзи биле шокирани кога Арсенал го побарал Луиз: Го купија нашиот најлош дефанзивец

Во Челзи биле шокирани кога Арсенал го побарал Луиз: Го купија нашиот најлош дефанзивец

Бразилскиот фудбалер Давид Луиз оваа сезона пристигна во Арсенал од градскиот ривал Челзи.

„Топџиите“ одлучија да го доведат искусниот дефанзивец за околу девет милиони евра, но се покажа дека не направиле некој добар потег. Луиз ги одигра скоро сите натпревари на Арсенал о досегашниот дел од сезоната, меѓутоа игра во навистина лоша форма.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Навивачите жестоко го критикуваа Бразилецот и порачаа дека е време да се пресели на клупата.

За Луис сега зборуваше поранешниот играч на Челзи, Тони Каскарино.

Луиз минатата сезона играше очајно во Челзи, па клубот го стави на трансфер листата, но биле шокирани кога Арсенал се јавил да се распрашува за неговите услуги.

„Кога Арсенал го купи Луиз бевме навистина изненадени. Еден од директорните ми кажа: Го купија нашиот најлош дефанзивец. Во минатата играше добро, меѓутоа она што го прикажува во последно време е навистина прелошо“, изјави Каскарино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ова е новиот тренер на Реал Мадрид: Се чека само грешка на Чаби Алонсо

Чаби Алонсо, во случај на грешка против Алавес, би можел да добие отказ на позицијата трен…