Oрландо Ортега остана без медал на 110 метри со пречки на Светското првенство.
Шпанскиот атлетичар за рака пред целта беше повлечен од Јамајканецот, Омар Меклеод.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ова е грабеж“, повторуваше 28 годишниот Ортега кој беше на добар пат да освои медал додека актуелниот олимписки победник не го фати и успори.
Јамајканецот и сам беше на пат да се бори за медеал, но на прескокот на предпоследната пречка го фати противникот. На крајот беше дисквалификуван, но тоа е мала утеха за Ортега кој остана без медал.
So cruel on Spain’s Orlando Ortega in the 110m hurdles final. He was on course for a medal before Omar McLeod hit a hurdle, stumbled into his lane and obstructed him. pic.twitter.com/Mr19I6ODDX
— PJ Browne (@P_J_Browne) October 2, 2019
„Разбирам дека може да се случи допир, но не можам да прифатам дека на ваков начин останав без медал. Цела година вложив во ова и не е прв пат да се случува нешто слично“, изјави Ортега, а Шпанците залудно бараа трката да се повторува.
In his first #WorldAthleticsChamps outing, ?? @Flaamingoo_ wins 110m hurdles ? in 13.10. pic.twitter.com/pwtIoEVyGG
— IAAF (@iaaforg) October 2, 2019