Неодамна Аргентинецот Николас Спиоли објави крај на неговата фудбалска кариера како играч и тој нема дилеми кои се најдобрите играчи со кои играл.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Спиоли пред две недели се пензионираше, а на неговата кратка листа се најде македонскиот капитен Горан Пандев. Покрај Пандев на кратката листа на Спиоли се најдоа Франческо Тоти и Ариел Ортега.

Пандев со Спиоли играше две сезони и очигледно за тој период успеал да остави супер впечаток кај Спиоли кој добро ги увидел квалитетите на нашиот капитен.
Со Тоти помина една сезона кога беше позамен во Рома, додека со Ортега играше во Њу Олд Бојс.
Најголемиот дел од кариерата тој го помина во Италија, а се пензионираше во дресот на Кротоне.
Пофалби за Пандев денес испрати и поранешниот македонски репрезентативец, Марио Ѓуровски – тука.