Maнчестер Сити ако денес го победи Брајтон ќе стане шампион на Англија.
Сити со еден бод предност ги дочекува натпреварите од последното 38-мо коло во Премиер лигата. Работата е јасно, ако Сити победи ќе стане шампион на Англија, би можел и на друг начин, но за тој никој не размислува.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Натпреварите во Премиер лигата се играат денес во 16:00 часот, а денес е објавено дека Пеп Гвардиола донел одлука никој во Сити, ниту играчите, ниту некој од стручниот штаб нема да се смее да знае што се случува на „Енфилд“ додека не заврши нивниот натпревар против Брајтон.
Пеп не сака да знае како ќе се одвива ситуацијата на „Енфилд“ бидејќи верува дека тоа би можело да ја поремети играта на неговиот тим против Брајтон кој неодамна против Арсенал покажа дака знае да биде опасен.
„Гвардиола нас јасно ни кажа дека никој во клубот не смее да знае што се случува на „Енфилд“. Сака сите да бидеме сконцентрирани само на нашиот натпревар против Брајтон. Многу е строг и не сака да зборуваме за Ливерпул“.
„Го почитуваме Ливерпул, но титулата сега е во рацете на Сити. Ако сите на теренот добро си ја одработат својата работа тогаш ние ќе бидеме шампиони без разлика што ќе се случи на другиот натпревар. Пеп очекува сите играчи да бидат максимално фокусирани на натпреварот против Брајтон. Никој нема да смее да користи мобилен телефон за да го провери резултатот на Ливерпул“, открил извор близок на Гвардиола за „Сан“.