Бразилскиот фудбалер Нејмар не сака да остане во Пари Сен Жермен во сезоната која следи и тоа е повеќе од јасно, но проблем за клубот од Париз е што нема клубови кои покажуваат голем интерес.
Барселона констатно се поврзува со Нејмар, меѓутоа изгледа ова лето од тој трансфер нема ништо.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Покрај Барселона Нејмар е мета на и на Реал Мадрид, наводно „светците“ повеќе би сакале да го продадат на „кралевите“ отколку на Каталонците.
Денес француските медиуми пишуваат дека ПСЖ го понудил Нејмар на Реал Мадрид за сума од 180 милиони евра. Тие 180 милиони евра се за 42 милиони евра помалку од светскиот рекорд кој го постави ПСЖ кога го купуваше од Барселона.
Во Мадрид Перез е за доведување на Нејмар, меѓутоа Зидан изгледа повеќе сака неговиот клуб да се обиде да му го доведе Пол Погба од Манчестер Јунајтед.