Дома Трансфер зона Во ПСЖ добиле повик од таткото на Нејмар – им понудил нова соработка

Во ПСЖ добиле повик од таткото на Нејмар – им понудил нова соработка

Taткото на Нејмар е познат како човек кој имаше огромно влијание во трансферот на неговиот син од Сантос во Барселона, а подоцна и во ПСЖ, од двете зделки заработи огромни бонуси.

Тој успеа да стане и сопственик на агенцијата која се занимава со водење грижа за кариерите на младите фудбалери на јужноамериканското тло. Во 2017 година при трансферот на


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Нејмар вреден 222 милиони евра, тој стана и добар пријател со првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи.

Реномираниот бразилски сајт „Глобоеспорте“ еден од најреномираните во оваа држава тврди дека Нејмар сениор на луѓето во ПСЖ им ја претставил биографијата на 16 годишниот Рикелме.

Во прашање е фудбалер на младинскиот тим на Васко Де Гама, игра на позицијата лев бек и за него се зборува дека би можел да направи многу во иднина во светскиот фудбал. Се уште не игра редовно во првиот тим, но минатиот октомври го потпиша првиот професионален договор со Васко Де Гама, што доволно зборува дека станува збор за квалитетен фудбалер.

Рикелме има договор со бразилскиот клуб до 2021 година, а таткото на Нејмар ќе се обиде работата да ја заврши многу порано, можеби веќе на лето. Минатата сезона за Рикелме се интересираше Бенфика, но до трансфер не дојде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Кварацхелија се договори со ПСЖ

Квича Кварацхелија ова лето готово сигурно ќе го напушти Наполи, а според последните …