ПСЖ остана без уште една ѕвезда за отварањето на Лига 1, Килијан Мбапе ќе мора во карантин.
Резултатот на Мбапе од тестот направен пред Хрватска бил позитивен, па тој веднаш го напуштил кампот на „триколорите“ и заминал дома.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа никој од федерацијата на Франција не ги известил во ПСЖ за ситуацијата на Мбапе.
„Вакво нешто е неприфатливо, од медиумите дознавме дека Килијан е позитивен. Објавија соопштение, го испратија дома, а нас никој не не извести! Ќе повторам, ваков однос е неприфатлив, покажаа непочитување кон нас“, изјави спортскиот директор Леонардо.
ПСЖ во своите редови сега со Мбапе има седум позитивни фудбалери на Ковид-19. (Нејмар, Ди Марија, Паредес, Икарди, Маркињос и Навас).