Дома Фудбал Лига на шампиони „Во овој момент Ливерпул има подобар напад од Барселона“

„Во овој момент Ливерпул има подобар напад од Барселона“

Фудбалерите на Барселона и Ливерпул вечерва на Камп Ноу го играат првиот натпревар од полуфиналето во ЛШ.

Според многумина, натпреварот Барселона – Ливерпул е финале пред финале и јасно е дека овие два тима се најголеми фаворити за освојување на трофејот уште од почетокот на новата сезона.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Сигурно дека нас не очекуваат два спектакуларни натпревари, а вечерва од 21 часот се игра првиот натпревар на Камп Ноу.

Во Ливерпул се убедени дека можат да изборат добар резултат пред реваншот на Енфилд и втора година по ред да играат финале. Пред овој натпревар изјава даде и поранешниот играч на Црвените, Диди Хаман, кој верува дека Ливерпул може да се носи со Барса.

Хаман е свесен дека сите зборуваат за Лео Меси и одличниот напад на Барса, но верува дека Ливерпул во овој момент има подобар напад од нивниот вечерашен противник.

„Нападот на Ливерпул е подобар колективно од нападот на Барса во овој момент. Во прилог на тоа оди и фактот што Луис Суарез не е во најдобра форма. Верувам дека Ливерпул вечерва може дури и до победа.“ – изјави Хаман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Милан заинтересиран за дефанзивецот на Удинезе

Милан се интересира за трансфер на дефанзивецот на Удинезе Томас Кристенсен, јавува “Гадзе…