Дома Фудбал Италија Во Милан изненадени од одлуката на УЕФА: Ова е удар за нашиот углед!

Во Милан изненадени од одлуката на УЕФА: Ова е удар за нашиот углед!

Главна вест на Апенините е одлуката на УЕФА да го одбие планот на Милан за Финансиски фер-плеј и можната казна која ќе ја добијат „росонерите“.

Казната на УЕФА се очекува најдоцна до 15-ти јуни, а медиумите тврдат дека Милан би можел да биде исфрлен од европските натпреварувања.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Извршниот директор на Милан, Марко Фасоне призна дека останал прилично непријатно изненаден од одлуката на УЕФА и тврди дека ова е удар за угледот на клубот.

„За Милан е важно да заземе јасна позиција по ова прашање, по прогласувањето на одлуката на УЕФА. Можете да замислите дека тоа беше прилично непријатно изненадување за нас, бидејќи очекувавме УЕФА да ни предложи договор. Откако беше воведен Финансискиот ферплеј, таков договор беше предложен на сите тимови со исклучок на еден мал руски клубот“.

„Нивната одлука се заснова на сомнежи и на претпоставки што ќе се случи, но за нив нема никаква основа, бидејќи во текот на годината ние постојано го исплаќавме долгот и тоа не влијае на било кој начин на клубот. Исто така „Елиот“ се кредитори и понудија да гарантираат за долгот на писмено. Очигледно, нашиот правен тим ќе ја оцени ситуацијата, но фактот дека сме испратени да се јавиме пред Адвокатската комора на УЕФА штети на нашиот имиџ, па треба да се пријде внимателно“, вели генералниот директор на„росонерите“.

„Милан треба да плаќа за грешките на клубот во периодот 2014-2017 година, кога сопственикот беше друг. Клубот го одржуваме многу стабилно и балансирано, па затоа очекувавме да постигнеме договор со УЕФА. Поради тоа сум многу разочаран“, изјави Фасоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Атлетико повторно ѝ украде играч на Барса без пари, а воедно заштеди 32 милиони евра

Фудбалските клубови Барселона и Атлетико Мадрид ја потврдија трансакцијата на Клеман Ленгл…