Сите корисници на глобално популарната социјална мрежа Твитер од денес имаат многу повеќе „простор“ да ги изразат своите мисења.
Имено, конечно се случи она што сите го очекуваа – наместо досегашните 140 карактери, корисниците на Твитер ќе можат да пишуваат пораки со 280 карактери.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Овој новитет на Милан едвај го дочекаа во фудбалскиот клуб Милан, бидејќи конечно ќе можат на оваа социјална мрежа да ги набројат сите трофеи кои ги чуваат во своите витрини.
„Ви благодариме Твитер, сега конечно можеме во еден твит да ги напишиме сите трофеи кои сме ги освоиле“, напишаа од италијанскиот гигант, а потоа ги наброија сите клупски трофеи.