Во Милано изгледа веќе никој не знае што се случува!
Хаосот започна минатата сезона кога на Икарди му беше одземен капитенската лента. Со доаѓањто на Марота и Конте, Аргентинецот беше остранет од тимот. Потоа следуваше и одземањето на бројот, Ромелу Лукаку ја доби неговата „деветка“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Е сега после овие случувања Икарди може да остане!? Да, може тоа се најави со денешната информација која пристигна до италијанските медиуми.
Имено, Икарди побарал и ја добил „седмицата“. Ова можеби е најава за помирување помеѓу клубот и играчот, но со изборот на овој број се поставува и уште едно прашања – што е со Санчез!?
Трансферот на Санчез беше означен како завршена работа, се пишуваше и дека пристигнува на прегледи, а најави се зголемија кога вчера не беше во составот на Манчестер Јунајтед против Вулвс.
Познато е дека Санчез носи „седмица“, па сега баш и работите не се јасни. Како и да разврска ќе видиме набрзо зота што трансфер периодот не трае уште долго.
Mauro Icardi reportedly picks #Inter’s No 7 shirt as he is now thinking of staying at the club https://t.co/SQdOYRhzRi #FCIM pic.twitter.com/o43P9BZ6GS
— footballitalia (@footballitalia) August 20, 2019