Дома Фудбал Лига на шампиони Во Лигата на шампионите играле 130 клубови и само 22 постигнале повеќе голови од Роналдо

Во Лигата на шампионите играле 130 клубови и само 22 постигнале повеќе голови од Роналдо

Кристиано Роналдо постигна три гола и така го сруши Атлетико Мадрид во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите (3:0).

Атлетико Мадрид го победи Јувентус со 2:0 на свој терен на „Ванда Метрополитано“ и „јорганџиите“ имаа солидна предност, меѓутоа Роналдо и друштвото вчера одиграа на највисоко ниво и го свртија резултатот во своја корист.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Роналдо со вчерашниот хет-трик стана првиот фудбалер кој постигнал 125 погодоци во најелитното европско натпреварување.

Како игра Роналдо во Лигата на шампионите доволно зборува и уште еден податок. Имено, Португалецот во 160 настапи во најелитното европско натпреварување со споменатиот број на голови е поефикасен од 108 клубови кои играле во Лигата на шампионите.

Вкупно во ова натпреварување се појавиле 130 клубови што значи дека само 22 од нив постигнале повеќе голови од Португалецот.

Секако, самиот Роналдо беше задоволен од она што вчера го прикажа на теренот.

„Тоа мораше да биде посебна ноќ и беше таква. Не само поради головите, туку и поради тимот и нивниот неверојатен став. Ова е менталитетот кој ви е потребен во Лигата на шампионите и ние сме на добар пат. „Токму поради вакви работи ме доведе Јувентус да им помогнам во магичните ноќи како што беше оваа. Атлетико навистина е одличен тим, но ние докажавме дека сме силни и заслужено одиме во следната фаза“, изјави Роналдо после натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Невеорјатно: Фоден повеќе додавал со Пикфорд отколку со Кејн

Репрезентацијата на Англија влезе како еден од фаворитите на ова Европско првенство, но иа…