Дома Фудбал Останато Во Лацио разочарани од Силва: Го почитувам како играч, но не како човек

Во Лацио разочарани од Силва: Го почитувам како играч, но не како човек

Реал Сосиедад вчера изненадувачки потврди дека Давид Силва е нивни нов фудбалер.

Силва после десет години одлучи да го напушти Манчестер Сити и се врати во Шпанија. Изненадување е што кариерата ја продолжи во Реал Сосиедад затоа што претходно цело време се поврзуваше со Лацио.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Силва со Лацио имаше договор за соработка на три години, Лацио дури ги закажа и медицинските прегледи. Но, сите во клубот биле шокирани кога стигнала објавата од шпанскиот клуб.

Сосиедад во тајност преговарал со Силва и успеал се да договори, но во Лацио се разочарани затоа што играчот не им кажал ништо за преговорите и сите го очекувале да пристигне во Рим.

Колку се погодени во Лацио најдобро покажува изјавата на спортскиот директор на римскиот клуб Игли Таре.

„Го почитувам Давид Силва како играч, но не и како човек“, порача Таре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кејн го собори рекордот на Халанд во Бундеслигата

Хари Кејн го презеде рекордот кој претходно го држеше Ерлинг Халанд, откако ги постигна си…