Манчестер Јунајтед мора да го засили средниот ред, доколку сакаат да му парираат на фантастичниот Манчестер Сити.
„Црвените ѓаволи“ се повеќе почнуваат да зависат од присуството на Пол Погба и неговата брза трансформација од одбрана во напад.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поради тоа се добиваше впечаток дека Манчестер Јунајтед целосно се потпира на еден човек, а клуб со такви амбиции не може да се бори на повеќе фронтови ако нема повеќе добри играчи на една позиција.
Тоа значи во тимот мора да има адекватна замена за Пол Погба во случај на одмор или повреда, а тоа би можел да биде фудбалерот на Лацио кој игра во одлична форма оваа сезона, Сергеј Милинковиќ Савиќ.
Сепак, доколку навистина сакаат да го доведат Савиќ ќе им биде потребно огромна сума, со оглед на тоа дека директорот Игли Таре откри дека италијанскиот клуб одбил понуда од 70 милиони евра.
Да потсетиме, Савиќ во Лацио пристигна од Генк за сума од „само“ 15 милиони евра.