Дома Фудбал Италија Во Италија може да се стопираат сите спортски настани на 30 дена!?

Во Италија може да се стопираат сите спортски настани на 30 дена!?

Во Италија коронавирусот прави големи проблеми во спортот, посебно во фудбалот.

Последен натпревар кој беше одложен е полуфиналето кое требаше да се одигра денес помеѓу Јувентус и Милан. Претходно за викендот беа одложени пет натпревари во Серија А. Интер веќе има два натпревари кои треба да ги одигра, а тоа се со Сампдорија и Јувентус. Не е познато и што ќе се случува за викендот.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Јасно е дека полека простор за одложување натпревари снемува, па во продолжение како најреална опција изгледа играње пред празни трибини, но и тоа не е некое добро решение.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте размислува да ги стопира сите спортски настани во период од 30 дена.

Ако ова навистина се случи не е јасно како и кога ќе се одиграат натпреварите во Серија А кои ќе се одложат. Ќе потсетиме простор скоро и да нема затоа што летово не очекува и Европското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Почина првиот црномурест судија во Премиер лигата, повторно учеше да оди

Ураи Рени, првиот црномурест судија во англискиот Премиер лигашки натпревар, почина на 65 …