Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успешно ја мина и втората пречка ва фјучрсот во Скопје „Триглав опен“ што се игра за награден фонд од 40.000 долари.
Таа во денешниот меч од третото коло ја победи Јапонката Рина Саиго со 2-1 во сетови (67(3) 62 62) во меч што траеше три часа и четири минути. Ѓорческа која е носителка број 4 во четвртфиналето утре ќе игра против Сада Нахимана од Бурунди (22 години, 292 место на ВТА).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денешниот меч имаше сличен тек како и вчерашниот со Унгарката Удварди. Првиот сет во тај брекот и припадна на Саиго, во сет со многу пресврти. Ѓорческа поведе со 2:0 во гемови, но противничката најде против игра и ги чекаше грешките на нервозната македонска тенисерка и дојде до водство од 5:3. Но, Лина пак се врати резултатски и поведе со 6:5, а Саиго се избори за тај брекот. Во решавачкиот гем по 4:3 на поени за Јапонката Саиго, Ѓорческа направи две двојни грешки и противиничката поведе со 1:0.
Во вториот сет по 1:0 за јапонската тенисерка, Ѓорческа направи серија од четири гема и поведе со 4:1 и го најави изедначувањето откако го освои сетот со 6:2. Решавачкиот сет почна со водство од 2:0 за Саиго, но Ѓоречска имаше сега серија од шест гема и откако имаше целосна контрола над играта и резултатот и помалку нервоза за разлика од првиот сет. Во третиот сет резултатот беше 6:2.
Македонската тенисерка имаше 8 брејка од 22 можности, а јапонската тенисерка 4 од 8, а и во овој меч Ѓорческа имаше проблем со сервисот и направи 21 двојна сервис грешка наспроти 4 на противничката.