Дома Фудбал Италија Во домот на Занети се гледа Интер, а тој на децата им раскажува за „магијата“ на Пандев (ВИДЕО)

Во домот на Занети се гледа Интер, а тој на децата им раскажува за „магијата“ на Пандев (ВИДЕО)

Хавиер Занети во фудбалот ќе остане запаметен како голема легенда подготвен секогаш да се жртвува за неговиот Интер.

Како и најголем дел од светот Занети овие денови ги минува во изолација со неговото семејство. Занети со своето семејство дома се потсетува и  гледа некои од најдобрите натпревари од сезоната 2009/2010 кога Интер освои тројна круна.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во тој тим на Интер член беше и нашиот Горан Пандев.

Занети во изјавата опишувајќи што прави дома го спомена и нашиот капитен.

„Со моите деца го гледавме дербито со Милан. Во тој натпревар победивме со 2:0. Јас на моите деца им раскажував вниманателно: Гледајте што ќе направи Милито, а сега внимавајте на мајсторијата на Пандев…Следуваше прегратка и прослава. Сакам да ги научам моите деца на историјата на клубот“, раскажа Занети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Аргентина броеше до шест, Меси блесна – ќе биде штета ако не се појави на Мундијалот (Видео)

Фудбалската репрезентација на Аргентина ја победи селекцијата на Порторико со резултат 6:0…