Со натпреварите во изминатата вечер беше затворен регуларниот дел од сезоната во НБА лигата, а веќе се познати и плеј-оф двојките.
Далас на домашен терен го победи Сан Антонио со 130:120. Повторно одличен натпревар одигра Лука Дончиќ кој постигна 26 поени, подели осум асистенции и запиша осум скока. Но, пред крајот на третата четвртина Дончиќ мораше да замине во соблекувалната поради повреда на левиот мускул.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Словенецот не се врати на теренот, а сега пред самиот почеток на плеј-офот сите се во исчекување на резултатите од прегледите. Во првиот натпревар од плеј-офот Далас ќе игра против Јута.
Luka Doncic hobbled off to the Mavs locker room in the 3rd quarter vs. the Spurs.
— ClutchPoints (@ClutchPointsApp) April 11, 2022
Doncic grabbed at his knee/calf area on this play.pic.twitter.com/f1TkXgnaRI