Дома Фудбал Германија Во Германија почнаа да се потсмеваат со Шалке

Во Германија почнаа да се потсмеваат со Шалке

Славниот германски клуб Шалке 04 викендов со евентуален пораз или нерешено ќе го израмни неславниот рекорд во Бундеслигата од 31 натпревари без победа.

Рекордот од сезоната 1965/66 е во сопственост на актуелниот петтолигаш Тасманија Берлин.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Претседател на клубот Алмир Нумиќ му порача на Шалке да изнајде начин конечно да победи в сабота, за рекордот да остане во нивна сопственост.

„Овој рекорд е наша култна работа. Ако останеме без него веќе никој нема да ја споменува Тасманија. Никогаш на овој рекорд не гледавме негативно. Подобро е да не споменуваат, отколку да не не споменуваат“, изјави првиот човек на петтолигашот од Берлин.

Шалке, кој во моментов е последнопласиран во Бундеслигата, е во серија од 20 порази и десет нерешени натпревари, откако последен пат победи во јануари 2020 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Тренерот на Марсеј бесен поради пеналот: Малку е срамен, би го кажал тоа и да беше во наша корист!

Тренерот на Олимпик Марсеј, Роберто де Зерби, даде свои оценки за синоќешниот натпревар пр…