Дома Фудбал Англија Во време кога фудбалот е стопиран, Клоп се огласи со порака на социјалните мрежи

Во време кога фудбалот е стопиран, Клоп се огласи со порака на социјалните мрежи

Коронавирусот го парализираше фудбалот во најсилните првенства и засега не може да се каже кога сезоната ќе продолжи.

На Островот поради актуелната ситуација се доведе во прашање титулата на Ливерпул на која „црвените“ чекаат 30 години. Ливерпул има 25 бода предност и потребни му се само уште две победи за и математички да ја обезбеди титулата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во времето кога фудбалот е парализиран Клоп се огласи со порака на социјалните мрежи.

„Порака од тимот до нашите навивачи за нивната благосостојба. Ставете го вашето здравје на прво месо, не преземајте ризици. Помислете на ранливоста на нашето општество. Внимавајте на себеси и чувајте се еден со друг. Никогаш нема да бидете сами“, гласи пораката на Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лионел Меси доби ретка чест од Интер Мајами

Лионел Меси ќе стане дел од редок спортски потег, бидејќи Интер Мајами најави дека трибина…