Дома Фудбал Во Барса сметаат: Нејмар не требаше да го прави целиот овој циркус

Во Барса сметаат: Нејмар не требаше да го прави целиот овој циркус

Повеќето соиграчи на Нејмар во Барселона биле разочарани од развојот на ситуацијата околу Бразилецот кој наскоро ќе се пресели во ПСЖ.

Водечките фигури во соблекувалната како Меси, Иниеста, Пике и Суарез повеќепати се обиделе да го убедат Нејмар да остане во Барселона, но тој ствоел цврсто при својот став.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Поради тоа каталоснки „Спорт“ цитира луѓе од соблекувалната, кои повеќе немаат што да кажат за Нејмар.

„Тој можеше да не ги одолговлекува толку работите, туку да ја објави одлуката по рано. Вака целата ситуација ја претвори во циркус“, сметаат останатите фудбалери.

Според нив Бразилецот со своето однесување го привлекол целото внимание на себе па американската турнеја останала во заден план. Не случајно многумина од фановите не знаат како завршиле пријателските средби против Јувентус, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид (сите победи) туку се занивамаат со деталите околу трансферот на Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ВИДЕО Голот на Влаховиќ – еден од најубавите потези во второто коло во ЛШ

Во Лигата на шампионите во дресот на Јувентус блесна и напаѓачот на српската фудбалска реп…