Антоан Гризман минатото лето беше на чекор од Манчестер Јунајтед, но трансферот пропадна бидејќи Атлетико доби забрана за доведување на фудбалери, па „јорганџиите“ немаа адекватна замена.
Но, како што тврди германски „Билд“ Атлетико наредното лето како замена за Французинот ќе се обидат да го доведат суперталентираниот напаѓач на Лајпциг Тимо Вернер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Проблем претставува Лајпциг кој не сака да се откаже од еден од своите најдобри играчи. Тоа значи дека Атлетико ќе мора да биде прилично упорен и секако да испрати висока понуда.
Вернер има 21 година, веќе настапи за сениорската репрезентација на Германија за која постигна седум погодоци на 10 натпревари. Минатата сезона фудбалерот роден во Штудгарт постигна 21 гол во Бундес лигата, додека оваа сезона постигна 10 на 17 натпревари.
Лајпциг го доведе во 2016 година за 10 милиони евра, а од неговата продажба сигурно ќе заработат неколку пати повеќе.