Дома Фудбал Останато Во Аргентина именуваа награда по Агуеро

Во Аргентина именуваа награда по Агуеро

Наградата за најдобар стрелец во Купот на Аргентина во иднина ќе го носи името Серхио Агуеро.

Ова го соопшти претседателот на Аргентинската фудбалска асоцијација, Клаудио Тапија.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Тоа е повеќе од добра вест и вистинско признание за нашта фудбалска легенда. Наградата за најдобар стрелец во иднина ќе се вика по Серхио Агуеро“, изјави Тапија на ждребот за Купот на Аргентина во 2022 година.

Ќе потсетиме, Агуеро (33) минатата недела објави дека ќе ја заврши кариерата поради проблеми со срцето. Ова лето Кун и се придружи на Барселона, претходно 10 години играше за Манчестер Сити. Во кариерата настапуваше уште за мадритски Атлетико и Индепендиенте.

Со аргентинската репрезентација, Агуеро беше олимписки победник во 2008 година во Пекинг, а потоа и финалист на Светското првенство во 2014 година како и освојувач на Копа Америка во 2021 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бобан уште еднаш ја доби битката со Милан: „Росонерите“ ќе му исплатат милионска оштета

Врховниот суд во Италија донесе конечна пресуда во случајот на Звонимир Бобан кој по вторп…