Денес започнува новата сезона во Серија А, а програмата ја отвара актуелниот шампион Јувентус на гостувањето кај Киево.
Овој натпревар се наоѓа во центар на внимание на фудбалската јавност, бидејќи се очекува Кристиано Роналдо да дебитира за „бјанконерите“. Меѓутоа, навивачите во Англија поради законот нема да може да ги следат првите 15 минути од мечот во Верона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Законот во Англија гласи дека телевизиите нема да може да емитуваат натпревари од останатите лиги во термин од 15.45 до 18.15 часот, а натпреварот во Верона се игра од 18 часот.
„Елевен спортс“ има право на натпреварите од Серија А, а дури ниту на својот Фејсбук профил немаат право да ги пренесуваат првите 15 минути од средбата.
Во телевизијата одлучија дека ќе остават само коментатор за да знаат навивачите што се случува во тие 15 минути. Покрај Роналдо во овој меч би требало да дебитираат уште Жоао Кансело и Емре Џан.