Дома Македонски спорт Мак фудбал Воска првото летно засилување го доведе од Работнички

Воска првото летно засилување го доведе од Работнички

Новиот прволигаш, охридска Воска го претстави денес првото засилување за дебитантската сезона во најсилната македонска конкуренција.

Нов фудбалер на охридскиот клуб е Фатих Исмаили кој пристигнува со големо искуство во ПМФЛ.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


„Во новата сезона Фатих Исмаили ќе ги брани боите на нашиот тим кој за првпат ќе игра во ПМФЛ. Исмаил е фудбалер кој има искуство мак-елитата, носејќи ги дресовите на Шкупи и Работнички, краток период беше и во Гостивар“, соопштија од Воска.

Исмаили со своите 25 години во ПМФЛ одигра 94 натпревари, а беше дел и од шампионскиот тим на Шкупи во сезоната 2021/2022. Во Воска пристигнува од Работнички, договорот кој го потпиша е на една година со можност за продолжување.

Ќе потсетиме, Воска пред неколку дена го претстави и Црногорецот, Миљан Радовиќ за нов стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Реакција на „Комити“: На натпреварот Вардар – Тиквеш ќе има бесплатен влез за секој со македонско знаме!

Во викендот кој следи екипата на Вардар ќе игра натпревар против Тиквеш во рамките од 17. …