Вардар славеше во дербито против Воска и се врати на првото место во Втората лига. Денес во Автокоманда црвено-црните славеа победа од 2:1.
Победата против Воска Вардар ја обезбеди во првите 20-тина минути од натпреварот. Дарио Десниќ го отвори резултатот во 18-тата минута, а потоа, Дарко Мицевски со еврогол зголеми на 2:0.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Првите 45 минути поминаа во вистинска доминација на Вардар и можеше Воска да прими и повеќе голови, но сепак изостана реализацијата, па Воска имаше прилика да се надева да остане непоразени.
Без многу шанси на десет минути пред крајот Воска доби пенал со кој го намали резултатот. Претходно во 56. минута Бехар Фета имаше одлична можност, меѓутоа Гачевски одбрани. Тоа практично беше и се од Воска во овој дуел.
На табелата сега Вардар има 25 бода, два повеќе од второпласираната Воска за која ова беше прв пораз после седумте победи и двете нерешени.
Фото: ФК Вардар