Чешката тенисерка Маркета Вондроушова е првата финалистка на овогодинешниот Вимблдон.
Денес Вондроушова беше подобра од Елина Свитолина со 2:0 во сетови. Првиот сет беше одлучен откако Свитолина се држеше до 3:3, а потоа направи неколку грешки со кои дозволи противничката да дојде со 6:3.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вториот сет Вондроушова го започна одлично и многу брзо дојде до 4:0 предност, Свитолина за момент се врати со еден брејк и намали на 3:4, но чешката тенисерка не дозволи пресврт и го доби сетот со 6:3.
Противничка на Вондроушова ќе биде подобрата од второто полуфинале помеѓу Онс Жабер и Арина Сабаленка.