Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Вода стои, Марадона не стои: Пофални зборови за Иниеста, па распали по Серхио Рамос…?!

Вода стои, Марадона не стои: Пофални зборови за Иниеста, па распали по Серхио Рамос…?!

Диего Марадона го опиша Андрес Иниеста и кој и да го сака овој играч, а малкумина се оние кои не го сакаат, се воодушевени од начинот на кој Марадона тоа го направи.

Шпанија на Мунијалот изгледаше далеку поуверливо, што можеби и не изненадува, со оглед на тоа дека во пресрет на првенството, беше отпуштен селекторот Лопетеги.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Но, Иниеста, кој премина од Барселона во јапоснки Висел Коб, по речиси две децении, беше на својата препознатлива разина.

„Иниеста е тотална ѕвезда“, истакна Марадона за „Марка“.

„Игра како да е облечен во свечено одело и со чевли на нозете“.

За разлика од Иниеста, Марадона неодамна не се изрази пофално за Серхио Рамос пак, за кој верува дека не е така добар како стоперот на Атлетико Мадрид, Диего Годин.

Рамос тогаш одговори дека Марадона е светлосни години далеку од Лео Меси како најголем аргентински играч, а 57-годишникот, не е во состојба да расправа за проценката на борбениот бранител.

„Ако Серхио Рамос тоа го сака, јас можам да се извинам, но нема да го променам своето чисто фудбалско размислување“, додаде.

„Тој е фантастичен играч, тој е голем капитен, може да стане добар предводник, како што е во Реал Мадрид, но не и ѕвезда. Не ми е гајле што зборуваат, јас слободно мислам. Па така, ако Серхио се навредил, се извинувам, но се уште го мислам истото“.

Марадона исто така го пофали истоименикот Диего Коста – играч кој можеби повеќе го почитува отколку самиот себеси Коста.

„Диего е војник, секогаш би го сакал во својот тим. Многумина не го сакаат неговиот лукав начин на игра, но одбранбените играчи исто така не се сестри на љубовта.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

УЕФА ја казни Хрватска

УЕФА го казни Фудбалскиот сојуз на Хрватска за случувањата на натпреварот против Шкотска н…