Дербито во Втората македонска фудбалска лига кое го играа Гостивар и Пелистер заврши без победник, а тоа беше и најпосакувано за Вардар и Воска кои ја искористија таа ситуација и со победи се издвоија на првите две позиции.
Вардар лесно со 3:0 беше подобар од Борец, Владимир Жоглев постигна два гола во првото полувреме додека во второто Јусуфи стави печат на триумфот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Воска на гости кај Беса славеше минимална победа. Натпреварот беше одлучен со голот на Албин Рамадани во првото полувреме од натпреварот. На првите две позици Вардар и Воска имаа по 46, Гостивар е трет со 44, а Пелистер четврти со 40 бода.
Во ремито помеѓу Гостивар и Пелистер, Симеон Христов стрелаше за водство, додека Љамчевски со гол од слободен удар обезбеди реми за Пелистер. Гостиварци викендов повторно ги чека тежок натпревар и тоа против Воска на гости.
Поради скандалот со физичкиот напад во Сингилиќ и влегувањето во соблекувална на фудбалерите на Беласица, дуелот помеѓу струмичкиот клуб и Локомотива Пехчево беше одложен.
Фото: ФК Вардар
ВМФЛ резултати:
Беса – Воска Спорт 0-1
Борец – Вардар 0-3
Детонит Плачковица – Кожув 0-0
Гостивар – Пелистер 1-1
Локомотива Пехчево – Беласица НЕ СЕ ОДИГРА
Охрид – Арсими 2-0
Каменица Саса – Слога Виница 1-0