Екипата на Вардар не успеа да слави во 12. коло од Втората македонска фудбалска лига и во Скопје ремизираше со Беласица 1:1.
Со ова реми вардарци го оставија Гостивар на лидерската позиција до која стигна со вчерашниот триумф против Охрид. Кире Маркоски во 73. минута го доведе Вардар во водство, меѓутоа преку Гугуљанов гостите изедначија во 82. минута.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во Битола Пелистер одигра неверојатен натпревар во кој го понижи Тетекс со 11:0. Поради кризата во Тетекс Пелистер влезе како голем фаворит, меѓутоа никој не очекуваше дека после 20 минути битолскиот состав ќе постигне пет гола. На полувремето резултатот беше 7:0.
ВМФЛ – 12.КОЛО
ВАРДАР – БЕЛАСИЦА 1-1
ПЕЛИСТЕР – ТЕТЕКС 11-0
КАРАРОМАН – ЛОКОМОТИВА ПЕХЧЕВО 1-1
ДЕТОНИТ – БЕСА 3-0
БОРЕЦ – КАМЕНИЦА САСА 0-3
КОЖУФ – СЛОГА ВИНИЦА 2-0
ОХРИД – ГОСТИВАР 1:2
АРСИМИ – ВОСКА 1:2
Фото: ФК Вардар