Дома Луд Спорт Влезете во станот на Роналдо од 16.5 милиони долари: Од туш кабината го има Њујорк на дланка (ФОТО)

Влезете во станот на Роналдо од 16.5 милиони долари: Од туш кабината го има Њујорк на дланка (ФОТО)

Кристиано Роналдо денес го слави својот 33 роденден, а бидејќи неговата заработка можеби е и најголема во историјата на фудбалот, што од договорите со клубовите, што од маркетингот и спонзорите, па себе си може да си дозволи екстремно скапи станови и автомобили.

Не е тајна дека Кристиано е љубител на брзи „играчки“ и дека има колекција од 20 скапоцени автомобили, а исто така и неколку куќи и станови.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Посебно импресивен е оној кој го купи во Њујорк за 16.5 милиони евра. Станот се наоѓа во популарната кула на Трамп на петата авенија на Менхетен.

Кулата на трамп е висока 202 метри и има 58 катови. Станот на Роналдо има околу 235 квадрати и претходно беше во сопственост на Алесандро Прот еден од соработниците на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Дизајнер на внатрешниот дел е Жан Пабло Молињо кој е познат по максимилистичкиот стич. Станот е комплетно опремен и поседува три спални соби.

Причината поради која овој стан е толку скап е панорамскиот поглед на Њу Јорк од 360 степени, па така Роналдо случувањата на Мехтен може да ги следи и од својата туш кабина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…