Дома Македонски спорт Мак фудбал Влахо: Мило ми е што Штип повторно е на прволигашката карта, Брегалница е сериозен противник

Влахо: Мило ми е што Штип повторно е на прволигашката карта, Брегалница е сериозен противник

Работнички по репрезентативната пауза им се враќа на првенствените обврски, а утре на арената „Тодор Проески“ во Скопје гостува тимот на Брегалница. Новиот прволигаш е непоразен во првите пет кола и со оглед на тоа, шефот на стручниот штаб Александар Влахо има голем респект кон штипскиот тим.

„Драго ми е што Штип и Брегалница се повторно на прволигашката карта, тоа секако е добро за македонскиот фудбал во целина. Во првите пет кола Брегалница покажа дека е тим што заслужува респект, има прволигашки квалитет и се бори до самиот крај за секоја топка и секој бод. Тие се сериозен ривал на кого му приоѓаме максимално фокусирани. Имавме две седмици за да работиме напорно и да отстраниме дел од грешките што се појавија во првите пет кола и подготвени сме за продолжение на шампионатот. За нас секој ден, секој тренинг и секој натпревар е добредојден, со оглед дека се уште се воигруваме. Се надевам дека тимот ќе одигра квалитетно утре и дека ќе оствариме позитивен резултат“, вели шефот на стручниот штаб, Александар Влахо.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Натпреварот меѓу Работнички и Брегалница ќе се одигра утре, со почеток во 16 часот, на Националната арена, а ќе го суди Александар Грујоски од Кичево.

Фото: ФК Работнички

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…