Директорот на Агенцијата за млади и Спорт, Наумче Мојсоски на денешната прес-конференција соопшти дека Владата донела одлука за доделување на финансиска помош на македонскиот спорт.
Со оваа одлука 666 спортски клубови, 60 национални федерации и 173 индивидуални спортисти ќе добијат парична помош од државата, со цел да се надминат проблемите создадени со пандемијата со корнавирусот.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Задоволство ми е што денес од тука и имам можност да зборувам за поддршка на спортот и спортските работници.
184,5 милиони денари, односно тримилиони евра , пари од државниот буџет ќе се насочат кон спортските субјекти на кои им е издаден ваучер согласно Законот за спорт. 666 спортски субјекти, 60 федерации и 173 спортисти досега добиле спортски ваучер. Ова е бројот на субјекти кои се опфатени со оваа мерка. Средствата од Буџетот на Македонија, се дел од програмите за справување со последиците од КОВИД-19 кризата. Веќе една година сме соочени со тешкотии и проблеми во функционирањето заради коронавирусот и финансиска поддршка на спортските чинители во државата е еднакво потребна.
Со оваа владина одлука, усвоена на 65-тата седница, на наменските сметки на спортските субјекти на кои им се издадени ваучери за 2021 година, ќе им бидат уплатени најмногу до 30% од вредноста на издадениот ваучер како еднократна финансиска помош, утврдена во официјалната листа на спортски субјекти кои се објавени на веб страната на Агенцијата за млади и спорт“, соопшти помеѓу другото Мојсоски.